| четврток, 6 декември 2018 |

Науката потврди: Грипот има биолошки часовник кој му покажува кога точно да се размножува, да инфицира други клетки и да се префрла на други човечки суштества

Вирусот на грип има биолошки часовник, кој му покажува кога точно да се размножува, да инфицира други клетки и да се префрла на други човечки суштества, за да биде максимално ефективен, покажува новото истражување објавено во Cell Reports и цитирано од Би-Би-Си.
Ако вирусот нападне премногу рано, тој ќе биде премногу слаб. Доцни ли сепак, имунолошкиот систем ќе има време да се брани.

Изнаоѓање на начини кои го рестартира овој часовник, ќе доведе до нови методи за лекување, тврдат научниците предводени од проф. Бенџамин Теноевер од Факултетот за медицина “Маунт Синај”.

Еднаш штом вирусот ќе се смести во човечката клетка, тој ќе мора да краде ресурси од телото, за да се размножува и да се воспостави за подолго време. Тоа од своја страна може да алармира имунолошкиот систем. Во таква ситуација како точно грип вирус знае уште колку време му останува?

Научниците откриваат дека грипот бавно го акумулира протеинот наречен NEP. Со негова помош тој излегува од клетката и се шири до другите клетки (а подоцна и до други луѓе).

За да запре производството на премногу NEP, вирусот ја поврзува оваа своја продукција со друг протеин – NS1.

Научниците решаваат да го манипулираат предметниот протени контра, а како да го натераат грипот да натрупа NEP премногу брзо. Во таква ситуација тој излегува од клетката порано и нема време да се репродуцира.

Истовремено – премногу бавната акумулација на протеини ќе му овозможи на имунолошкиот систем да реагира пред вирусот да побегне. Соодветно – таа ќе го убие и ќе спречи други инфекции.

Проф. Теноевер се надева дека нивното откритие ќе доведе до создавање на нови антивирусни лекови кои ќе го напаѓаат биолошкиот часовник на вирусот. Тоа сепак не значи дека со текот на времето тој нема да се научи да се спротивставува на слични манипулации, предупредува професорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top