По речиси две години, петте српски државјани кои беа заробени од либиските бунтовници вчера се вратија во Србија.
Киднапираните српски работници беа пречекани од вицепремиерот Александар Вучиќ кој изјави дека луѓето се вратиле дома по неколкумесечни тешки преговори.
Петтемина, кои велат дека работеле на изградба на патишта во Либија, беа заробени од бунтовниците за време на бунтот во кој беше соборен либискиот лидер Моамер Гадафи. Беа обвинети дека се платеници што се бореле на страната на режимот на Гадафи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.