Со ангажирање на градежна механизација, во текот на денешниот ден оспособени за сообраќај на моторни возила се патните правци кон Долно и Горно Колиќани, Црвена Вода, Китка, Маркова Сушица, Цветово, Осинчани, Бела Црква, Елово и Црн Врв во општина Студеничани, додека на патниот правец кон викенд населбата Мала Река се уште се работи, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради вонредно ниските температури градежната механизација ангажирана во општина Зелениково имала проблеми при активирањето во утринските часови, поради што била ангажирана дополнителна механизација.
Во општина Дебар, како што се наведува, упатената механизација се уште работи на расчистување на патните правци кон Горно Косоврасти, Гари, Осој и Татар Елевци.
На стариот патен правец од Куманово кон Свети Николе во текот на вчерашниот ден биле завеани возила и камион на Македонија Пат. Вработени од подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово и Свети Николе со возила заедно со припадници на полицијата се упатиле од двете страни да дојдат до завеаните кои биле извлечени.
Од ДЗС, посочуваат дека поради вонредно ниските температури кои создаваат проблеми при работата на градежната механизација во утринските часови, принудени се да ангажираат дополнителна механизација за справување со снежните наноси.
Се апелира до граѓаните да ако не е неопходно да не заминуваат на пат, да носат топла облеки и консумираат топли пијалаци. Доколку треба да работат на отворено тоа да се прави со паузи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст