| четврток, 6 декември 2018 |

Се излизга автобус: Четворица загинаа, 27 се повредени

Автобус кој превезуваше патници, рано изутринава околу четири часот и триесет минути излета од Националниот пат број 79. Во несреќата загинаа четири португалски државјани, а дваесет и седум други беа повредени од кои тројца потешко, јави дописникот на МИА од Париз.

Според информациите на префектирата автобусот се движел кон Швајцарија. Несреќата се случила непосредно пред вијадуктот Шароле, на патот Центар Европа Атлантик која поминува низ Франција од исток кон запад, кој се смета дека е еден од најопасните во Франција.

Излетувањето од патот на автобусот се должи најверојатно на замрзнатио коловоз, по студениот дожд, што паѓаше во текот на ноќта во регионот.

На настраданите им помогаа седумдесет и пет пожарникари и медицински персонал. На 29 март 2016, дванаесет португалски државјани од Швајцарија загинаа во судир на комбе со камион на истиот овој пат, но во Алие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top