| четврток, 6 декември 2018 |

Џихдистите ја презедоа одговорноста за нападот во Багдад

При експлозија на бомба во источниот дел на Багдад загинаа најмалку 13 луѓе, а десетици се ранети, јавуваат новинските агениции. Бомбата била поставена во автомобил во близина на пазарот во населба чие мнозинско население се Шиити.

Групата Исламска држава на интернет објави соопштение со кое ја презема одговорноста за нападот. Во изминативе денови, Исламската држава презеде одговорност за низа напади во Ирак, додека ирачките владини сили се фокусирани на враќање на Мосул под владина контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top