| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово најстудено, Македонија се разбуди на минус 22 степени

Продолжува променливото облачно и многу студено време со засилен северен ветер.Утрото ќе биде најладно досега, а на одредени места во државата ќе достигне до минус 22 степени.

Според УХМР во Берово и Маврово ќе биде најстудено, па следува Демир Капија со минус 21, Битола минус 20, Прилеп минус 19, Тетово минус 18, Скопје минус 17, Штип и Струмица минус 16, Охрид минус 15 и Гевгелија минус 11.

Температурите и во текот на денот ќе останат ниски под нулата и ќе се движат од минус 12 во Берово и Битола, минус седум во Скопје до минус пет во Гевгелија.

Студени утра ќе имаме до петок наредната недела кои ќе се движат од минус 19 до минус 7 во понеделник, минус 17 до минус 6 во вторник, минус 16 до минус 7 среда, минус 15 до минус пет; четврток и минус 12 до минус 4 во петок.

Дневните температури во понеделник и вторник ќе бидат под нулата, а од среда ќе имаат пораст и во петок ќе стасаат до осум степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top