| четврток, 6 декември 2018 |

На Калифорнија ѝ се заканува потоп

Се очекуваат и големи застои во сообраќајот и делумно затворање на автопатите. „Атмосферската река" ќе го зафати и Орегон, северно од Калифорнија и делумно Невада. Декември веќе бил изразито влажен, а брзаците во планините во северна Калифорнија, клучни за снабдување со вода на целата држава, достигнале 30-годишен рекорд

Најлошата дождовна бура во последните десет години би можела да претставува пресвртница по шесте години рекордни суши во Калифорнија.

Метеоролошките служби предупредиле дека вистинска „атмосферска река” би можела да ја погоди оваа голема држава на американскиот запад. Се очекуваат 36 часа константни врнежи од снег и дожд каде што небото минатите шест години било премногу суво.

Жителите на Калифорнија, кои веќе две години имаат рестрикција во потрошувачката на вода, сега се подготвуваат за потоп и соочување со големи водостои, одрони, рушење на стебла и лавини.

Посебно се загрозени подрачјата кои биле зафатени од пожари во последните години, каде вегетацијата исчезнала, па земјата е гола. Локалните и сојузните власти ќе мора да ги надгледуваат браните на некои водени текови, поставувајќи вреќи со песок за одбрана од поплави и евакуирајќи ги опасните зони.

Се очекуваат и големи застои во сообраќајот и делумно затворање на автопатите. „Атмосферската река” ќе го зафати и Орегон, северно од Калифорнија и делумно Невада.
Декември веќе бил изразито влажен, а брзаците во планините во северна Калифорнија, клучни за снабдување со вода на целата држава, достигнале 30-годишен рекорд.

“Надојдените води го надминуваат историски просек на пат сме кон рекордна година ако дождот и снегот продолжат толку да паѓаат”, истакнува Даг Карлсон, портпарол на калифорниското одделение за водни извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top