| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ нема да воведе антидампинг мерки против Македонија

„Република“ дознава дека Европската унија одлучила да не воведува давачки за извоз на челични цевки од Македонија, Турција и од Украина. Унијата се сомневаше дека извозниците од овие земји продаваат производи на европските пазари по дампинг-цени.
Минатата година Европската комисија тврдеше дека со антидампинг мерки сакаат да ги заштитат европските производители на цевки, кои на 16 февруари 2012 година поднеле жалба до Европската комисија со што сериозно беше загрозен македонскиот извоз.
stainless-steel-welded-tubes-250x250
Според информациите на „Република “, од декември минатата година е прекината истрагата која имаше за цел да утврди дали украински, турски и македонски извозници на заварени и обични цевки и на шупливи профили се продаваат во земјите од ЕУ по многу пониски цени од европските.
Според писмото до кое дојде „Република“ а на 17 Јануари е испратено од заменикот Генерален Директор на Европската Комисија Петер Балаш до Советот за Стабилизација и Асоцијација ЕУ – Македонија, во иднина ќе нема проблем при извозот на Македонски производи на европските пазари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top