| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциско: Православните верници да го поминат празникот во духот на братската љубов

Папата Франциско им честиташе на верниците од православните христијански цркви Божик по Јулијанскиот календар „во духот на братска љубов“.

Поглаварот на Римокатоличката црква упати честитка од Апостолската палата за време на обраќање до верници на Плоштадот Св. Петар.

Папата исто така ги поздрави и сите учесници во традиционалната костимирана поворка долж централните улици на Рим по повод Богојавление.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top