Вкупно 15.800 лица заболени од грип заклучно со минатиот петок побарале помош во здравствените установи. Меѓу нив нема тешки случаи. За подобро следење на состојбата во здравствените установи и болници воведени се дополнителни мерки, информира денеска на прес-конференција Јованка Костовска државен советник во Министерството за здавство.
– Од податоците коишто ги имаме во Институтот за јавно здравје воочивме дека минатата недела имаме пријавено околу 9.500 заболени од грип, велам пријавено, а сигурно е многу поголема бројката и на оние коишто не биле на лекар и дома се лекувале. Или, вкупно досега имаме 15.800 заболени до минатиот петок, што значи, овие денови оваа бројка сигурно е зголемена, а добро е тоа што нема тешки случаи. Од Клиниката за инфективни болести имаме сознанија дека нема тешки случаи со последици заболени од грип, ниту пак во другите инфективни одделенија во државата, рече Костовска.
Таа информира дека Комисијата за заразни болести донела дополнителни мерки со цел подобро следење на состојбата, да се спречи ширење на грипот меѓу населението, како и навремено лекување на останатите болни.
– Една од тие мерки е комплетна забрана за посета на здравствени установи (болниците) каде што има сместено пациенти со цел спречување на ширење на грипот. Исто така, испратен е допис до сите болници и здравствени установи да преземат мерки за да има доволно здравствен кадар за преглед на пациенти, доволно лекови, санитетски материјали и сместувачки капацитети, рече Костовска.
Нагласи дека е наложено на менаџерите да направат ригорозна рестрикција на одморите во овие два месеца за кадарот во здравствените установи. – Значи, нема одмори, мора да се работи за време на сезоната на грип да има доволно кадар да се помогне на заболените лица, рече Костовска.
Исто така, додаде, наложено е да се пратат секојдневно пациенти со грип по инфективните одделенија во државата за тешките случаи и веднаш да се известува за да се знае каква е состојбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст