| четврток, 6 декември 2018 |

Волонтери на Црвениот крст помагаат на магистралниот пат Скопје-Крива Паланка-Деве Баир

Тимот за одговор и дејствување при катастрофи со пет волонтери од Општинската организација на Црвениот Крст на Крива Паланка со едно возило вечерва пружа помош на магистралниот пат Скопје-Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Поради забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир тимот ќе патролира во следните неколку часа, зависно од потребите на терен и ќе им помага на возачите на тешки товарни возила кои се паркирани покрај патот и се во застој, исчекувајќи забраната да биде прекината.

– Со оглед на обилните снежни врнежи кои се уште се интензивни, тимот на Црвен крст ќе им остави на овие возачи топла облека, шал, капа, топол чај и основен прехранбен пакет, информираат од ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Тимови на Црвен крст ќе патролираат и на патниот правец Скопје-Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top