| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 14 загинати во два напада со автомобил бомба во Багдад

Најмалку 14 лица загинаа во два напада со автомобил-бомба во Багдад, Ирак.

Автомобил експлодира во центарот на багдадскиот кварт Баб ал Моадам, во близина на полициски пункт, при што загинаа осум луѓе.

Друг автомобил експлодира во источниот кварт Ал Обеиди. Во тој напад загинаа шест луѓе, а десетици се ранети.

Терористичката организација „Исламска држава“ презеде одговорност за нападите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top