Турски полицаец и судски службеник се убиени и десет луѓе се ранети во напад пред Судската палата во Измир, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во болниците.
Анадолија јави дека тројца терористи влегле во престрелка со полицијата, при што двајца од нив се смртно застрелани. Третиот осомничен е во бегство.
Турските власти воведоа забрана за известување за нападот.
Локалните медиуми јавуваат дека експлозијата е причинета од автомобил бомба што експлодирал пред влезот за судии и обвинители. Поради безбедност, на вработените во судската палата не им е дозволено да ја напуштат зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.