| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Ќе бараме екстрадиција на Харадинај

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе побара од Франција да и го испорача Рамуш Харадинај и додаде дека се надева оти и во овој случај правото ќе биде над политиката.

– Сигурно дека ќе го бараме, рече Вучиќ пред новинарите и додаде дека е добро што правото е над политиката и дека не би сакал да се покаже оти и во Франција тоа е така.

Според него, како што јави Танјуг, српското Обвинителство има бројни докази и многу обвиненија и би било многу необично доколку Франција не постапи согласно правото.

– Доколку не биде така, нашата држава ќе процени како ќе се однесува во реципрочна ситуација, рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top