| четврток, 6 декември 2018 |

ИД ги чува во заложништво децата на убиените Албанци во Сирија

Во досиејата од истргата на Обвинитество за тешки кривични дела во Тирана стои дека семејствата во Сирија заминале во периодот 2012-2014 година.

Терористичката Исламска држава во Сирија ги чува во заложништво сопругите и децата на убиените албански државјани-џихадисти.

– Во потрага по нова татковина каде владеат правилата на шеријатскиот закон, голем број Албанци-џихадисти ги поведоа со себе нивните жени и деца и заминаа во Сирија за да се борат за Ал Каеда и ИД, пишува порталот Албеу.

Според истиот извор, се потврдува дека 13 жени и 31 дете, од кои 23 малолетни, се наоѓаат во Сирија, бидејќи нивните сопрузи и татковци загинале на тамошните боишта, се чуваат во заложништво од страна на џихаистите и не им се дозволува враќање дома.

Во досиејата од истргата на Обвинитество за тешки кривични дела во Тирана стои дека семејствата во Сирија заминале во периодот 2012-2014 година.

Жените и децата на џихадистите живеат во кампови, каде децата посетуваат воена обука.

Во Сирија во текот на последните години од Албанија заминале над 100, претежно млади лица а убиени се најмалку дваесет од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top