| четврток, 6 декември 2018 |

Вашите очи откриваат каков човек сте (фото)

Дали сте привлечни или пак сте роден лидер, креативни или таинствени? Дознајте од само еден поглед.

Често пати сме слушнале дека очите се огледалото на душата и само еден поглед  некогаш може да ни каже повеќе од  зборовите. Бојата на очите зависи д генетскиот склоп на организмот, психолозите успеале да ја поврзат бојат на очите со карактерот на луѓето.

Некои се покреативни, другите тежнеат кон долги врски, третите се таинствени, а четвртите се пак родени лидери.

Забавете се и дознајте дали бојата на очите совршено ве опишува .

Сини очи

сини

Велат  дека оваа боја е најпосакувана. Сините очи како и кафеавите се доста распространети. Луѓето со сини очи имаат ведар дух.  Фасцинираност од сините очи оди толку далеку што некои луѓе купуваат леќи во сина боја или се прават ласерски операции со кои ја менуваат бојата на очите. Луѓето со сини очи се шармантни, привлечни и вистински пријатели.

Сините очи донесуваат спонтаност и енергичност. Луѓето со сини очи  живеат живот со полни гради. Секогаш искрено ќе се трудат да ви помогнат. Продуховени се и повеќе им се наклонети кон подолгите љубовни врски. Сакаат среќно семејство и очекуваат верност од партнерот. Имаат силно изразена моќ на забележување и ништо нема да им избега. Отворени Се по прашање на чувствата и не се срамежливи.

Кафени очи  

кафеави

Луѓето со кафени очи секогаш се подготвени да прифатат каков било предизвик. Никогаш нема да се откажат од борба и ќе дадат се од себе да докажат дека тие се најдобри. Доста се чувствителни и секогаш се љубезни кон другите луѓе но само додека е се како што тие сакаат. Сакаат авантури и да запознаваат нови луѓе. Темпераментни се.

Бегајте подалеку од нив кога се лути. Луѓето со кафени очи имаат карактеристики како и луѓето со зелени очи. Сакаат промени и спонтани се. Убави се и елегантни. Кога станува збор за љубовните врски  во нивно друштво треба да внимавате. Тие сакаат кратки врски, а често пати нема ни да забележат дека ве завеле. Многу се енергични и храбри и сакаат да експериментираат во животот.

Зелени очи  

зелени

Луѓето со зелени очи се енергични и креативни. Сакаат авантури и прифаќаат  сите предизвици кои се наоѓаат пред нив. Ќе ви се одмаздат ако ги измамите или  излажете. Реторички се надарени. Интелигенцијата е нивната посилна страна. Никогаш нема да дозволат нешто или некој да им се препречат на патот кон среќата.

Тие се страсни љубовници и сакаат долги врски. Понекогаш можат да бидат многу љубоморни. Привлечни се и имаат најсексапилна боја на очите. Сакаат да ги забавуваат луѓето. Можете да им верувате но доколку ги навредите секогаш ќе ви одговорат и е направат будала од вас.

Црни очи

црни очи

Црната боја на очите е мошне ретка. Луѓето со црни очи всушност имаат многу темни кафеави очи. Што тоа зборува за нив? Луѓето со црните очи имаат хипер активен темперамент  и полни се со страст. Никогаш нема да ги остават недовршени нивните обврски и ќе вложат 100 отсто енергија да го завршат тоа што го почнале. Имаат натпреварувачки дух и секогаш се обидуваат да бидат супериорни.

Луѓето со црни очи се таинствени. Не се отвораат лесно пред другите луѓе. Тоа понекогаш е пречка да започнат љубовна врска. Но кога ќе се вљубат тие се  верни партнери. Често имаат цврсти ставови. На луѓето со црни очи може да и верувате и секогаш можете да се потпрете на нив. Никогаш нема да ве изневерат. Покрај сите позитивни карактеристики тие имаат дух на кавгаџии и секогаш ги бранат своите ставови дури и кога знаат дека згрешиле. Луѓето со црни очи не се трпеливи и не можат долго да чекаат.

Сиви очи

сиви очи

Луѓето со сиви очи се родени да бидат лидери. Тие имаат моќ да решаваат големи проблеми помеѓу луѓето бидејќи секогаш имаат позитивно решение. Тие се мошне силни личности и поседуваат силна енергија која ги штити од надворешните притисоци. Лесно се прилагодуваат и не постои ситуација или околина на која не може да се прилагодат. Имаат чуден карактер и секогаш делуваат како да се зафатени. Не поднесуваат стагнација и монотонија.

Секогаш мораат нешто да работат. Луѓето сакаат да бидат во нивна близина бидејќи емитираат  смирувачка енергија. Секогаш се водат со разумот и умеат да чуваат тајни. Немаат авантуристички дух. Педантни се, но не се деталисти. За нив е мошне лесно да си го организираат животот врз основа на нивното практично размислување и паметни одлуки. Тие се лојални и тежнеат кон долги љубовни врски. Верни се и одлични љубовници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top