Турските власти денеска ги блокираа патиштата околу градот Киркларели, во истоимената провинција, кои водат кон бугарската граница, стравувајќи дека осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“ за време на новогодишната ноќ би можел да побегне во Европа преку Бугарија.
Властите објавија високо ниво на тревога.
Бугарската агенција БТА јавува дека специјални единици ги проверуваат автомобилите кои влегуваат и излегуваат од земјата, како и патниците кои ја напуштаат Турција преку Киркларели.
На граничниот премин Дерекој-Малко Турново се зајакнати безбедносните мерки и испратени се дополнителни полициски сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст