Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека нападот на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул имал цели да ги сврти Турците „едни против други“ и да ја продлабочи линијата на поделба.
– Но, Турција нема да падне во таа стапица, изјави Ердоган во денешното прво обраќање до нацијата по нападот на новогодишната ноќ во Истанбул, при што загинаа 39 лица.
Осврнувајќи на обвинувањата од минатото дека Турција и давала поддршка на групата Исламска држава, која презед одговорност за нападот, Ердоган наведе дека оваа терористичката организација сака „земјата што е на чело на најголемата битка против ИД, да ја претстави како поддржувач на тероризмот“.
– Во Турција начинот на живот на ниту еден човек не е загрозен. Оние кои го тврдат тоа, треба да го докажат. Моја должност е да ги заштитувам правата на секого, нагласи турскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст