| четврток, 6 декември 2018 |

Илчо Ѓорѓиоски закажа собрание за избор на претседател на ФФМ на 18 февруари

ilco-gjorgioski

Илчо Ѓорѓиоски, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе оди по нов претседателски мандат на 18 февруари, на Редовното изборно собрание на кое ќе се состане највисокото македонско фудбалско тело.

Ѓорѓиоски, кој во 2013 година доби четиригодишен мандат, засега е единствениот кандидат за претседателското столче, а противкандидатите ќе бидат предложени од страна на Општинските фудбалски сојузи. Теоретски, во трката за претседателското столче Ѓорѓиоски би можел да има дури 26 противкандидати.

Општинските фудбалски сојузи треба да ги достават своите предлог-кандидати за претседател најдоцна до средината на јануари. Ѓорѓиоски на претседателското столче го наследи Харалампие Хаџиристески, кој си поднесе оставка во 2012 година, по десетгодишно владеење во македонскиот фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top