| четврток, 6 декември 2018 |

Турската полиција ја блокирала границата кон Бугарија

Турската полиција ги блокирала патиштата вo регионот на градот Киркларели, што водат кон турско-бугарската граница, за да ја спречат можноста напаѓачот од новогодишната ноќ во клубот „Реина“ во Истанбул да избега преку Бугарија во Европа.

На сите излези и влезови што водат до градот Киркларели се распоредени специјални полициски тимови кои ги претресуваат сите патници.

Турските медиуми јавија дека припадници на специјалните единици за борба против тероризмот се распоредени на повеќе локации во регионот, а поставени се и заседи на патиштата.

Дополнително специјални полициски тимови се распоредени и на граничните премини на границата меѓу Турција и Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top