Сирискиот мигрант кој што пристигнал во Германија пред две години, уапсен е под сомнение дека барал пари од терористичката организација Исламска држава за да организира терористички напад со камион, слично на нападот кој што неодамна се случи во германската престолнина Берлин, но и во францускиот град Ница.
Оваа вест ја соопшти германскиот јавен обвинител кој што потврди дека Сириецот стапил во контакт со Исламската држава и имал намера да организира терористички напад со камион, но и со експлозивна направа.
Сириецот веднаш бил уапсен, а брзата реакција на германските разузнавачки служби се должи на неодамнешните терористички напади кои што ја потресоа државата. Имено, германските тајни служби и полицијата работат со полна пареа и следат илјадници радикални исламисти ширум земјата.
Во последниот случај, државниот обвинител соопшти дека уапсениот 38-годишен мигрант со сириско потекло бил притворен уште во саботата, а во неделата веќе и започнал судскиот процес против него – осомничен е за тероризам, а соопштено е дека од џихадистите барал 180 илјади евра за да купи камион и експлозив.
Наводно, Сириецот имал намера да купи камион, а експлозивот да по постави во него и да изведе самоубиствен терористички напад.
Сириецот со потекло од градот Рака, чие што име не е откриено, како што пренесуваат германските власти, признал дека стапил во контакт со Исламската држава, но не признал дека планирал да изведе терористички напад.
Тој тврдел дека од џихадистичката организација барал пари со кои што би го издржувал своето семејство во Сирија и сакал само да ги измами џихадистите од Исламската држава, открил обвинителот Кристоф Ребман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)