Владата на Србија на седница на 30 декември одобри поскапување на патарината за околу 10 отсто, а новите цени ќе се применуваат од сабота, 7 јануари. Дотогаш на наплатните рампи ќе се применуваат старите цени.
Владата согласноста за зголемување на патарината од 10 отсто ја даде на предлог на Патишта на Србија.
За возење од Белград до Ниш, наместо 730 динари, возачите од сабота ќе треба да издвојат околу 800 динари. Патаринара од Белград до Нови Сад ќе биде 210 динари.
Србија со 0,03 евра по километар патарина двојно е поевтина во однос на БиХ, Хрватска и Португалија, каде патарината е 0,06 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.