| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, слаб снег на планинските премини

kolovoz

Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно суви коловози освен на повисоките планински осојничави места, соопшти Авто­мото сојузот на Македонија.

Од ЈП Македонија пат информираат дека слаб снег паѓа на планиските премини Попова Шапка, Маврово, Стража, Пресеека, Буково и Ѓавато, кој не се задржува на коловозот. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците, информираат од АМСМ, можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани ­ Македонска Каменица ­ Делчево, Виница ­ Берово, Гостивар ­ Стража, Маврово – Дебар ­ Струга, Демир Капија ­ Удово, Катланово ­ Велес, Крушево ­ Демир Хисар и Ресен ­ Буково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top