„Викиликс“ објави дека првиот човек на Фондацијата „Отворено општество“, Џорџ Сорос, во имејл што во 2011 година и го упатил на Хилари Клинтон додека била шеф на американската дипломатија, и дал детални упатства за тоа како таа да пристапи во Албанија со цел да се завладее цивилниот сектор и јавниот општествен политички живот и истото да се употреби за геополитички цели што се интерес за повисоки цели.
Мејлот е со датум од 24 јануари 2011 година, а е испратен од адресата на Џорџ Сорос, основачот на Фондацијата „Отворено општество“.
Џонас Ролет, од „Отворено Општество“ во Вашингтон, испраќа порака од Џорџ Сорос до Хилари Клинтон, преку Ричард Верма, тогаш помошник на Хилари. Во дописот, Сорос ги нуди услугите на неговата фондација во Албанија за подготовка на наводно неутрални, непристрасни анализи од немирите во Албанија. Тогаш, социјалистите на Еди Рама се обидоа да направат преврат, да влезат во Владата.
Насоките на Сорос се да се држи ситуацијата под фокус и со должно внимание.
-Ситуацијата во Албанија е сериозна и потребно е вниманието на американската Влада на највисоко ниво, пишува Сорос и предлага во Албанија да биде испратен европски преговарач, алудирајќи на неговите луѓе.
-Сметам дека е неопходно итно да се направат две работи: 1) Максимално ангажирање на меѓународната заедница за премиерот Бериша и лидерот на опозицијата Еди Рама да ги спречат натамошните демонстрации и да ја ублажат јавната реторика; 2) да се именуваат високи европски претставници како посредници, пишува во мејлот упатен до тогашната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон.
Неколку дена откако овој мејл стигнал на адресата на Хилари Клинтон, ЕУ навистина го испратила едниот од тројцата препорачани кандидати, Мирослав Лајчак на состанок со албанските лидери во Тирана за да се обиде да посредува во завршувањето на немирите.
-Десетици илјади луѓе се на улиците и немирите се вжештуваат. Мојата фондација е присутна во Албанија и стои на располагање, пишува СОРОС.
Во тоа време, албанската опозициска социјалистичка партија одби да ги признае резултатите од изборите од 2009 година, според кои тогашниот премиер Сали Бериша победил со мала предност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст