Двете општини треба да ја унапредат соработка во стопанството, туризмот, образованието, социјалната и здравствената заштита, културата, спортот и во други области од локалната самоуправа.
За таа цел денеска во посета на општина Гази Баба ќе допатува 50-члена делегација на Газиантеп, предводена од градоначалникот Угур Асим Ѓузелбеј. Турската делегација ќе ја прими градоначалникот Трајковски со локалната администрација и со членови на Советот. Пред гостите ќе се изврши презентација на општина Гази Баба, по што градоначалниците ќе потпишат Меморандум за соработка.
Соработката е по иницијатива на македонскиот амбасадор во Турција, Горан Таскоски.
– Збратимувањето и соработката меѓу општините Гази Баба и Газиантеп е со цел унапредување на традиционално добрите македонско-турски односи и продлабочување на меѓународна соработка на единиците на локалната самоуправа од Република Македонија и Република Турција, информираат од општина Гази Баба.
Одлуки за соработка и збратимување, советите на Гази Баба и на Газиантеп донесоа на 17 мај годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
МОБ ќе потпише меморандум за соработка со Националниот театар од Сараево
-
Во НУБ вечерва се отвора Координативниот центар за културна соработка на Иницијативата „16+1“
-
Трајковски: Градба на училиште, спортска сала, набавка на комунални возила, проширување на улици во Хиподром