| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто жените се поагресивни во зима?

Најновото американско истражување открива дека зимата неповолно влијае на жените. Истражувачите од Универзитетот Индијана наведуваат дека овој период од годината кај жената предизвикува нагли проимени на расположението и извесна доза на агресивност.

Причина за тоа е хормоналниот механизам кој кај жената се активира под дејство на мрачните зимски денови.

Покрај тоа што многу жени ќе ја доживеат како мизогена, студијата се одликува и со тоа што е спроведена не врз жени, туку врз женки хрчаци.

Кај животните кои се чувани во темница, забележан е раст на мелатонинот, хормон на сонот, кој влијае на работата на надбубрежните жлезди, поради што доаѓа до ослбодување на сексуалниот стероид познат по предизвикување агресивност.

Авторката на студијата, Ники Рендон наведува дека истражувањето им помогнало на научниците „подобро да ги разберат хормоните и социјалното однесување на полето каде моментално доминира расправа за тестостеронот како регулатор на агресивноста кај мажите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top