Клер Краутерс (31) од Велс имала 90 килограми и се грозела од сопствениот изглед. По еден негативен коментар од пациент, оваа медицинска сестра решила од корен да го смени животот, а тоа, пак, резултирало со неверојатна промена на изгледот.
Поради тоа што е висока 160 сантиметри, со 90 килограми Клер спаѓала во група на морбидно дебели. Била свесна за тоа дека прекумерната тежина не само што ѝ го нарушува изгледот туку и долгорочно влијае врз здравјето, но поради хаотичното работно време никогаш не одела во сала за вежбање.
-Поради стрес постојано јадев пица и сладолед. Дојдов до 90 килограми и не можев да се погледнам во огледало. Бев лош пример за мојата ќерка Моли. Толку се грозев сама од себе што веднаш ги бришев сите фотографии од телефонот бидејќи не сакав да се погледнам – признава Клер.
На нејзиното момче не му пречеле вишокот килограми и ја побарал за жена. Сепак, Клер го одбила бидејќи не можела да го замисли најубавиот ден во животот да го помине таква каква што е.
Меѓутоа, капката што ја прелеала чашата бил коментар на сопругот на една пациентка, кој ѝ дофрлил негативен коментар на сметка на килограмите
-Бев скршена иако знаев дека е во право, самиот факт дека целосен туѓинец ми даде таков коментар ме извади од такт но во исто време ме мотивираше да направам голема промена – појаснува таа.
Клер заедно со Стивен за кој подоцна и се омажила се зачлениле во еден клуб за слабеење, а подоцна почнала и редовно да оди во сала за вежбање. Првото одење во сала бил страшно искуство за неа, но денес фитнесот е составен дел од нејзиниот живот – што се гледа и по нејзиното мускулесто тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.