Мандарините се вкусно овошје и оној вид што може да се јаде насекаде, и тоа на улица, дома, а корите редовно се фрлаат иако тие може да се искористат и тоа многу корисно.
Ако ве мачи главоболка или кашлица, еве што треба да направите од корите од мандарина:
Сомелете 50 грама кори и ставете ги во тегла. Мелените кори прелијте ги со чаша вотка или 40 – процентен алкохол. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои седум дена на темно место. Потоа јадете по една лажица после јадење, а потоа земете уште една лажица мед.
Корите од мандарина може да се искористат и за вкусен десерт – зашеќерени корички.
Состојки:
500 – 600 грама мандарини
300 – 400 мл вода
1 лажичка сол
350 грама шеќер
350 мл вода
уште шеќер за корите
Постапка:
Излупете ги мандарините и сочувајте ги корите. Ставете ги во лонче, прелијте ги со 300 – 400 грама вода и додадете ја солта. Варете ги корите до вриење. Кога ќе зоврие сместата, фрлете ја водата, а корите оставете ги настрана. Оваа постапка ќе го острани горчливиот вкус од кората.
Провриените кори нарежете ги на тенки траки. Во друг сад измешајте 350 грама шеќер и 350 мл. вода и оставете мешавината да зоврие, а шеќерот да се стопи. Додајте ја подготвената кора и се` заедно варете на оган околу половина час или додека кората не стане лесно проѕирна, а сирупот доволно густ.
Корките внимателно префрлете ги на цедалка за да се исушат, а потоа ставете ги во шеќер и расподелете ги на хартија за печење за да се исушат докрај. Ставете ги така во тегла и додавајте ги како украс на колачиња, на напитоци или грицкајте ги по желба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Главоболката може да биде фатална: Местото што ве боли открива детали за…
-
Главоболката може да биде фатална: Местото што ве боли открива детали за вашето здравје
-
Главоболките ќе исчезнат сигурно: Направете домашно масло, помоќно од аналгин и кафетин
-
Хрватска бара берачи на мандарини – дневница одлична, но има една замка