| четврток, 6 декември 2018 |

Турските власти покренаа истрага против профили на социјалните мрежи, кои го поддржуваат тероризмот

Турските власти следат неколку стотици профили на социјалните мрежи, кои како што тврдат го поддржуваат тероризмот и поттикнуваат поделби во општеството, изјави денеска турскиот заменик-премиер и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш.

Според Куртулмуш 347 профили на социјалните мрежи, за кои е утврдено дека „го сеат семето на непријателство во јавноста“ се цел на истрага, а судските постапки се покренати против 92 лица.

Тој рече дека властите тесно соработуваат со Фејсбук, Твитер и другите социјални мрежи за затворање на таквите профили.

– Нема едноставно да седиме и да гледаме како неколку тролови на социјалните мрежи сеат раздор меѓу луѓето, изјави Куртулмуш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top