| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е единственото државно село на Балканот и полека изумира

Крндија е единствено село во сопственост на државата, но тоа на жителите не им го олеснува животот, напротив. Република Хрватска во своја сопственост има едно цело село и тоа случајно. Не го барала ниту и треба, во него не инвестирала, но и не го ни дава.

Крндија недалеку од Ѓаково е заложник на апсурдна ситуација, во која мештаните не се сопственици ни на куќите во кои живеат. Поради сето ова, бројот на семејствата од некогашните 300 падна на само 24, пишува хрватски „Дневник“.

Во некогашното богато село со куглана и кино, локалните жеители денес не поседуваат ништо.

„Ние тука немаме ниту една наша куќа. Тоа е се државно и германско” – вели Дамир Кијаница од Крндија.

Пред Втората светска војна Крндија била одземена од жители со германско потекло. Република Хрватска го наследила и го задржала. Селото нема канализација, водовод, тука не може да се гради, купува, продава, дури не може ни да се наследува бидејќи се е во сопственост на државата, освен црквата и месните гробишта.

Во меѓувреме населените жители тука живеат повеќе од половина век, но куќите не се реновирани бидејќи не се нивни. Стари 80 и повеќе години, куќите почнаа да се распаѓаат.

„Нема живот, таков ти е животот!” – вели Лука Симиќ. Иако селото е на подрачје кое се помага и мештаните имаат право на градежен материјал, нивните куќи не ги градат бидејќи никој нема своја парцела.
„Ништо не можеме да изградиме што би сакале, можеби некој сака да изгради и нова куќа, но не можат бидејќи тоа не е наше” – вели Ѓорѓе Новаковиќ.

Општината се обраќала до сите поранешни агенции за државен имот, сега помош бара од новиот министер.

„Очекуваме Крндија да ни ја препуштат нам, значи сопственоста на Крндија да ја препуштат на Општина Пунитовци каде таа би овозможила на сите луѓе кои се во тој регион, самите да си го решат станбеното прашање” – вели Јасна Матковиќ, градоначалник на општината.

„Не сум запознат со тој случај но предлагам, го молам градоначалникот на општината да упати барање до министерството, па ние во министерството ќе направиме увид во состојбата и сигурно ќе помогнеме во решавање на тој проблем” – вели Горан Мариќ, министер за државен имот.

Селото со 2000 државни хектари земја и 90 парцели, сместено близу Ѓаково, Осијек и Нашице, наместо да се развива, тоа умира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top