| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Иднината на Балканот е во ЕУ

Балканот се наоѓа во „срцето на Европа“ и неговата иднина е во внатрешноста на Европската унија, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, додавајќи дека патот на Балканот кон ЕУ е меѓу 12-те прашања, што ќе се разгледуваат во 2017 година.

– Нашата работа продлжува – да ги надминеме непријателствата од минатото и да одговориме на повиците за вработување, единство и отвореност, што доаѓаат од младите во регионот, наведе Могерини.

Таа нагласи дека во 2016 година листата на важни моменти во однос на ЕУ со Балканот е „исклучително долга“ – отворањето на нови поглавја во преговорите со Србија, аплицирањето на Босна и Херцеговина за членство, првиот Придружен совет на ЕУ и Косово.

– Реформите во правосудството во Албанија, отворањето на нови фази на патот на земјата кон ЕУ и привилегијата да се обратам во парламентот во Тирана, додаде Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top