| четврток, 6 декември 2018 |

Привеле препијан возач, место да се јави кај семејството, тој единствениот повик го искористил за нешто друго

За време на новогодишната ноќ, полицијата најчесто се справува со лица кои претерале со алкохолот. Но, овој случај во Бања Лука, полицајците од Република Српска долго ќе го паметат.

Рано утрото забележале маж во паркиран автомобил. Кога се приближиле до возилото за да проверат дали е се во ред, сфатиле дека возачот спие пијан и дека не е во состојба да се одвезе дома. Затоа, го привеле во станица за да се отрезни.

Кога се разбудил, му објасниле дека има право на еден телефонски повик, а тој го искористил. Имено, место да повика некој од неговото семејство или пријател, мажот го свртил бројот на позната бањалучка ќебапчилница и порачал седум порции ќебапи.

Како што раскажуваат полицајците за српски „Блиц“, тој со скарата ги почастил сите што биле со него во станицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top