Напаѓачот, кој отвори оган кон луѓето во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ на новогодишната ноќ и при тоа загинаа 39 лица, а 69 се повредени, не е меѓу осуммината приведени кои се осомничени за нападот, јави ДПА.
Локалните медиуми јавија претходно дека турската полиција задржала осум лица под сомнение дека се виновни за нападот, за што одоговорноста ја презеде ИД. Напаѓачот успеал да избега веднаш по нападот. Турските медиуми објавија нејасни фотографии од мажот, по кој се уште се трага.
Според информации од турските медиуми вооружениот напад можно е да е извршен од државјанин на Узбекистан или Киргистан. Министерството за надворешни работи на Киргистан соопшти дека ги испитува овие информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.