Средовечен жител на Радолишта, Струшко, загина откако паднал при чистење на оџакот од куќата на брат му, соопшти МВР.
Вчера, околу 08 часот С.М. (48) при чистење оџак се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди. Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал.
Со истото возило е вратен во МЦ Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.