| четврток, 6 декември 2018 |

Излечете го воспаленото грло за четири часа

Нашите предци имале големо искуство во лекувањето на различни болести и познавале корисни рецепти за лекување на разни здравствени состојби. Сите тие рецепти луѓето ги пренесувале од генерации во генерации, бидејќи, она што е добро и корисно – никогаш не се заборава. Народенлек кој е многу ефикасен рецепт за лекување на воспалено грло и крајници и гарантира брзо закрепување, во полесните случаи – за само четири часа.

За да се ослободите од болките во грлото и крајниците ви е потребен овој рецепт:

Напивка за воспалено грло и крајници:

80 грама мелени семки од ким прелијте ги со 200 милилитри вода и варете ги 15 минути. Смесата што ќе ја добиете ќе биде густа и еластична, слична како талог од кафе. Процедете и додадете 50 милилитри вода, па оставете повторно да зоврие. Кога ќе ја тргнете смесата од оган, додадете една лажичка коњак или вињак и тоа е сè. Добиената напивка треба да ја пиете на секои 30 минути по една лажичка.

Како да ја консумирате напивката?

Веќе по два часа болката ќе ви престане и ќе можете да голтате сè полесно. По четири часа завршете со пиењето на напивката, зошто повеќе нема да ви биде потребно. Ако имате потешко воспаление, продолжете да ја пиете напивката подолго време. Оваа напивка им се препорачува на сите кои често заболуваат од настинка, воспаление на грлото и крајниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top