Во вооружениот напад во популарниот клуб во Истанбул за време на дочекот на Новата година убиени се 39 луѓе, меѓу кои се наоѓале и 16 странци.
Една од синоќешните жртви на нападот во Истанбул бил и Фатих Чакмак, кој во почетокот на декември за малку ја избегнал смртта кога ескплодирале бомби кај стадинот Бешикташ. Во нападот тогаш беа убиени 45 луѓе, но Чакмак тогаш не бил повреден. Изгледа смртта не го заборавила, па тој го изгуби животот во синоќешниот напад.
Дел од турските медиуми наведуваат дека мотив за нападот е токму прославата на Нова година, која произлегува од западната култура, која пак традиционалната исламска култура не ја познава.
Инаку иако во досегашните пишувања стои дека нападот го извршило лице облечено како Дедо Мраз, додека на новата снимка се гледа како напаѓачот почнува да пука пред влезот на клубот и таа покажува дека тој не носел костум на Дедо Мраз.Напаѓачот е во црна облека со капуљача на главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.