Бројот на загинати лица во новогодишниот терористички напад во ноќниот клуб во Истанбул се искачи на 39, од кои 16 лица се странци. Во болница се примени 69 лица.

Мажот облечен како Дедо Мраз влегол во клубот „Реина“ и откако го убил полицаецот на влез, пукал во гостите со автоматска пушка, велат првичните информации.
Нападот се случил околу 1:30 часот по локално време. Се работи за популарен клуб во областа Бешикташ во европскиот дел на Истанбул на брегот на Босфор.

Популарниот клуб „Реина“ бил омилен меѓу елитата
Во моментот на нападот во клубот имало 600 до 700 гости. Многу од луѓето во паниката скокале во водите на Босфор. Во спасувањето учествувале и бротчиња на морнарицата.
Турските власти се уште не известиле за тоа каде е или што се случи со напаѓачот.

Напаѓачот е снимен како облекува костум, во обид да се смеша со гостите
Пред Нова година, во Турција била засилена кампањата против прослави на Нова година затоа што Муслиманите не го слават тој празник.

За време на новогодишната ноќ, како мерка на безбедност, низ улиците на Истанбул биле распоредени 17.000 полицајци, многумина преправени како Дедо Мраз или како улични продавачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


