Колинда Грабар Китаровиќ ја прекинува традицијата на претходните хрватски претседатели и за Нова Година веќе втора година заминува во САД, пренесуваат хрватските медиуми.
Минатата година Колинда за новогодишната ноќ била на приватна забава, далеку од Хрватска во која не беше формирана влада, а и претседателот на Саборот во тоа време се „загубил“ на пат кон Словенија.
Зошто е тајна со кого претседателката дочекува Нова Година?
Кабинетот не потврдува каде тоа претседателката точно се наоѓала и во чие друштво се забавувала додека државата била без Влада. медиумите додаваат дека за трошоцие било наведено службено патување во САД, на кое заминала на 29 декември, а официјалната посета почнала шест дена подоцна, односно на 4 јануари 2016 година.
Каде била Колинда во меѓувреме прогласено е за службена тајна. Сега повторно е најавено нејзино патување преку океанот.
„Во новогодишната ноќ претседателката на Република хрватска немаше протоколарни обврски“ гласи одговорот од нејзиниот кабинет, од каде за медиумите посочиле дека иако е прекината традицијата на тројцата претходни претседатели на државата, за посета на безбедносните и дежурни служби, се нема сомнеж во нејзиниот патриотизам.
„Сметаме дека информации за активностите на претседателката за новогодишшната ноќ, место и начин како е дочекана Новата година е личен податок. Исто така, бидејќи немаше протоколарни обврски и во тој однос кабинетот немаше никакви трошоци“- се наведува од кабинетот.
Грабар Китаровиќ на тајна средба со администрацијата на Трамп?
И додека едни медиуми критикуваат заради нарушување на традицијата, други, неофицијално посочуваат дека Грабар Китаровиќ во САД би требало да има состаноци со неколку членови од транзицискиот период на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како и со неколкумина за кои се смета дека ќе бидат дел од идната американска администрација.
За овие информации нејзиниот кабинет ниту ги потврдил, ниту ги одрекол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.