| четврток, 6 декември 2018 |

На терен ненадејно почина 30-годишна одбојкарка

Шок во Италија, одбојкарката Мартина Хаубер почина ненадејно на 30 години и тоа на терен.

Трагедијата се случила ден по католичкиот Божиќ, а смртта на младата Мартина позната по одбојката на песок, ги остави нејзините колеги и пријатели во шок. Таа дошла на тренинг, а потоа одеднаш и се слошило и паднала. Повеќе не давала знаци на живот.

Лекарите веднаш пристигнале и се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

– Почивај во ми Мартина, беше заљубена во спортот и ракометот. Сега рајот има еден ангел повеќе, напишаа од клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top