| четврток, 6 декември 2018 |

Светот се подготвува да ја пречека 2017 година под засилени мерки за безбедност

При засилени мерки за безбедност светот се подготвува за новогодишната ноќ.

Имено, 2016 година беше одбележана со серија крвави напади против мирни граѓани.

Долгата листа на погодени градови ги вклучува Уагадугу, Истанбул, Орландо, Брисел, Багдад, Берлин, Ница.

Во многу од нив нападите беа насочени против толпа народ,  поради што безбедносните сили стравуваат особено во оваа новогодишната ноќ.

Сепак луѓето ќе се соберат вечерва на улиците во Азија, Блискиот Исток, Африка, Европа и Америка, со цел да испратат една година што беше одбележана со политичка и геополитичка несигурност.

Поради временската разлика Сиднеј прв ќе ја дочека Новата година, во 13.00 часот според Гринич.

Америка ќе биде последниот континент што ќе ја дочека Новата година.

Во сите градови на новогодишната ноќ ќе бидат зголемени безбедносните мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top