Поранешниот германски канцелар Герхрд Шредер изјави оти е јасна целта на српската Влада – Србија да стане членка на ЕУ до 2020 година, но тој лично оценува дека постои можност тоа да се оствари и порано, додека премиерот Александар Вучиќ не е таков оптимист.
– Постои една многу важна цел и она што Владата на Александар Вучиќ сака да го оствари, а тоа е да стане членка на ЕУ до 2020 година. Јас дури мислам дека можеби постои можност, тоа би било она што го посакувам, да се оствари и пред тој рок, истакна Шредер.
Тој наведе дека билатералните проблеми меѓу земјите на Западот и Балканот не треба да бидат услов или препрека за отворањето на ново поглавје.
Вучиќ му се заблагодари на Шредер поради „убавите зборови“ нагласувајќи дека тој не е оптимист како него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.