Конвој на дипломатски возила ги напушти денеска двата руски објекти со надзор на агенти од Стејт департментот, половина час пред рокот што истекуваше на пладне по локално време.
Најавено е дека пристапот до тие објекти ќе им биде забранет на сите руски претставници по исекувањето на рокот.
Руските дипломати добија рок од 72 часови да ги напуштат САД.
Станува збор за луксузни одморалишта во Њујорк и Мериленд во сопственост на Русија, што со децении беа користени за играње тенис, едрење и пливање.
Вашингтон тврди дека објектите се користени за разузнавачки активности.
САД вчера, како одговор на наводното мешање на Русија во американските претседателски избори воведоа остри санкции за Москва, што вклучуваат протерување на 35 дипломати и затворање на два објекта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.