| четврток, 6 декември 2018 |

Овие хороскопски знаци ќе успеат во се што ќе замислат и за нив 2017 ќе биде неверојатно добра година

Овен Конечно тврдоглавоста ќе биде конструктивна и со тоа ќе се постигнат две многу важни за вас цели кои беа прогонувани долго време. Годината ќе биде исполнета со многу врвови, кои ќе ги покорувате еден по друг. Единствениот услов сето да помине како по вода е да не престанете да верувате во себе. Не ја заборавајте поговорката дека “многу арно не е на арно” – оваа година ќе ви го докаже спротивното. На личен план ќе го добие најголемото изненадување, за кое дури не сте ни сонувале.

Близнаци За вас тоа ќе биде годината на заедничката љубов. За оние кои се уште не го откриле својот партнер/ка, верувале или не – тоа ве чека. Вистинската љубов се открива ретко, но кога човек не губи надеж, сè е можно. Не се плашете и не бегајте од судбината. За останатите, кои веќе имаат партнер, тоа е годината на големите чекори и големите одлуки. Земајте ги храбро и не мислете дека брзате- ако срцето ви кажува дека тоа е правилно, верувајте му.

Шкорпија Не се ограничувајте со целите кои си ги поставувате оваа година, бидејќи сте во виорот и можете сè. Пред сè ќе се покаже дека сте незаменливи на работното место кое ќе ви даде нова сила и голема доза самодоверба, од која имате потреба. Да ви ја свртат работата во страст не е невозможна мисија. Од друга страна вашиот личен живот ќе претрпи многу динамични промени, од кои ќе ви се измеша светот … во убава смисла. Ќе бидете клучната фигура во една врска, која ќе ви покаже што е да сакаш вистински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top