Секогаш убаво облечената актерка Блејк Лајвли и се уште актуелната прва дама на САД, Мишел Обама, и покрај огромниот избор на дизајнерски фустани, се случи да носат ист фустан.
Станува збор за фустан на преклоп од колекцијата „Ресорт“ на познатата дизајнерка Дајан фон Фурстенберг, кој што чини околу 450 евра.
Блејк Лајвли овој колор блок фустан го носеше прва, во јули годинава додека се уште беше бремена со второто дете. Актерката го искомбинира фустанот како наметка врз фустан со сини светки од истата дизајнерка, а аутфитот го надополни со светкави штикли.
Мишел Обама пак фустанот го носеше неодамна за време на официјална посета на Хаваи. Нејзиниот изглед беше едноставен, но доволно елегантен за прва дама. На нозете носеше рамни сандали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст