Пратениците на владеачката коалиција во собранието на Војводина вчера ја изгласаа резолуцијата за заштита на уставните и законските права на Автономната покраина Војводина.
За декларацијата гласале 75 пратеници, а против 21. Претседателот на владата на Војводина Бојан Пајтиќ рекол дека Војводина нема да молчи, туку и понатаму ќе инсистира на почитување на своите уставни и законски права. Тој ги отфрлил обвинувањата на опозицијата дека декларацијата повикува на сепаратизам.
Пајтиќ истакнал дека за надлежностите на покраината не може да се преговара и дека мора да се испочитува се што е загарантирано со Уставот на Србија.
Претседателот на опозиционата пратеничка група Српска напредна странка Игор Мировиќ имал сосема спротивен став и најавил дека „ќе се бори против создавање независна држава Војводина“.
Според него, декларацијата е опасен политички памфлет кој содржи некои „помалку или повеќе опасни теми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден