Истражувања спроведени во 160 земји од целиот свет покажаа дека луѓето се најмалку задоволни кога се на возраст од 45та до 54та година од животот.
Со проблемот со „средовечната криза“ се занимавале научници од повеќе земји, меѓу кои и од САД, Канада, Велика Британија и Австралија, кои се обиделе да дадат објаснување за оваа појава. Тие консттарирале дека причина за оваа криза најверојатно е тоа што луѓето се изложени на големо количество на стрес и лутина во тој период од животот.
Но, интересно е дека тој период пак е многу погоден за продуктивност во работа, наведува „Индепендент“. Научниците сепак заклучиле дека тоа е минлив период и дека по оваа „средовечна криза“ работите почнуваат да се менуваат на подобро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.