| четврток, 6 декември 2018 |

Oва е најлошото време за ручек ако сакате да изгубите од тежината

slabeewe

Нема да верувате дека за успешно губење на тежината e многу поважно кога јадете, отколку што јадете.

Многу луѓе имаат проблем со прекумерна телесна тежина, но најчесто се обидуваат да изгубат тежина со намалување на количината на храната што ја консумираат. Сепак, поважно е кога внесувате храна, особено голем оброк како ручекот.

Неодамна објавената студија во Американското списание за клиничка исхрана покажа дека нарушената програма за исхрана, особено нерегуларно внесување на најобилниот оброк, ручекот, може доста да ја попречи вашата цел да ја регулирате тежината. Објавеното истражување ги обработува ефектите што влијаат на губење на тежината, а во студијата се вклучени 1.200 дебели луѓе од Шпанија, пренесува порталот „Превенција“.

Тоа што најмногу ја намалува можноста за слабеење е ручек по 15 часот. Анализата се базира на набљудување на протеинот перилипин, кој е одговорен за согорување на мастите. Варијацијата на овој протеин во телото докажала дека поголема веројатност да ослабат имаат луѓе што ручат пред 15 часот, бидејќи по тоа овој протеин е помалку активен.

Оваа студија беше направена на луѓе со слични генетски предиспозиции за дебелеење, но многу научници не се согласуваат со резултатите. Сепак, студија, која беше спроведена во 2013 година, покажа иста врска меѓу доцниот ручек и намалената можност за губење на тежината.

– Биолошкиот ритам условува сонливост, но, исто така, и чувство на глад. Нарушување на биолошкиот ритам сериозно влијае на можноста да го изгубите вишокот килограми – објаснува Мари-Пјер Сен-Онж, предавач на Универзитетот Колумбија.

Биолошкиот ритам го контролира и инсулинот во телото, и ако јадете кога вашето тело е помалку чувствително на инсулин, ја намалувате можноста за разградување на мастите. Ако на сето ова се додаде и разбирањето дека повеќе од половина од калориите се внесуваат во текот на ручекот, тогаш е јасно зошто е потребно тој да биде пред три часот попладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top