| четврток, 6 декември 2018 |

Америка воведе санкции против Русија

И покрај тоа што недостигаат докази кои ќе ги поддржат наводите дека Русија се мешала во американските претседателски избори, Белата куќа најави дека сепак, ќе воведе санкции против Русија.

Оваа вест е објавена денеска попладне, а американската влада е обвинета за хакирање на американските институции пред изборите.

Управата за трезот најави санкции против пет организации и четири лица.

Во документот, кој Обама го потпишал во средата навечер изјави дека се преземени значајни чекори во борбата за националната безбедност поради злонамерните сајбер-активности, а со оглед на се поголемата употреба на такви активности кои ги загрозуваат демократските процеси или институции.

Исто така САД соопшти дека ќе депортираат 35 руски дипломати од Вашинготн и од Сан Франциско.

Обама изјави дека санкциите против Русија се воведени по неколку предупредување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top