| четврток, 6 декември 2018 |

Во најголема тајност: Позната двојка го изговори судбоносното „да“

Холивудската актерка Кејти Холмс (38) која од бракот со оскаровецот Том Круз (54) ја има десетгодишната ќерка Сури го кажа судбоносното „да“ на колегата Џејми Фокс (49) со кого е во долгогодишна тајна врска, пренесоа сите водечки светски таблоиди.

Како што пишува „Стар“ двојката се венчала на една мексиканска плажа, а на церемонијата присустувале само членовите на семејствата. Некои од нивните пријатели не биле на венчавката, но затоа сведоци на настанот биле децата од претходните бракови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top