Девојка од Свазиленд побара политички азил во Велика Британија затоа што не сака да стане кралица и да се омажи за свазилендскиот крал Мсвати Трети.
Како што објави лондонскиот весник „Дејли мејл“, 22-годишната Тинцвало Нгобени не сака да стане 14. сопруга на 45-годишниот Мсвати иако била „свршена“ за него уште кога имала 15 години.
Нгобени пристигнала во Велика Британија во 2011 година и веднаш побарала политички азил, но ваквото нејзино барање било одбиено. Откако по две години правна борба не успеа да си обезбеди легален престој во Велика Британија, Тинцвало се обрати за помош до медиумите нагласувајќи дека ако се врати во нејзината земја, ризикува да биде убиена.
Таа раскажува дека во согласност со традицијата во нејзината земја, уште од нејзината „свршувачка“ таа требала да биде затворена во кралската палата, но, сепак, успеала да побегне и сега живее во Бирминган. Според неа, сите сопруги на кралот на Свазиленд се држат затворени во кралската палата и само еднаш годишно ги носат на групен шопинг во САД.
Вообичаено кралот на Свазиленд ги избира своите сопруги за време на ритуалниот „танц на девиците“, што се одржува секоја година во август, меѓутоа приказната со Тинцвало е нешто поинаква. Имено, Мсвати Трети ѝ фрлил око кога таа како средношколка со група свои сооученици била во посета на палата на една од сопругите на кралот, по што набрзо „се свршиле“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст